Зголемен е бројот на повици во итната медицинска помош, од каде велат дека мора да се применуваат нивните совети. Граѓаните со хронични здравствени проблеми најмногу имаат потешкотии од високите температири, а не се поштедени и останатите.
Високите температури и празничниот викенд ги испразнија скопските улици. Најголемиот дел од граѓаните за празничниот викенд заминаа да се освежат на плажите во соседна Грција, а голем дел се разладуваат и во домашните летни туристички дестинации. Оние кои останаа во метрополата мака мачат со толото време.
За разлика од градскиот парк кој е празен и фонтаната Лотусов Цвет која изгледа тажно без капка вода, фонтаните на плоштад Македонија се едни од најомилените места за забава и освежување на скопјани и туристите во градот.