Актуелно

Мицкоски: Ќе летувам во Хрватска, бидејќи родителите токму таму со мене и моја помала сестра го поминуваа одморот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заминува утре во Хрватска на неколкудневен одмор со своето семејство. Тој пред новинарите откри зошто оваа година ја избра Хрватска.

-Иако дел од медиуми се обидоа не знам зошто да ја изедначат датата на мојот одмор со датата кога Заев замина, за волја на вистината тоа не е така, јас од утре со моето семејство ќе одиме во Хрватска. Зошто токму Хрватска, бидејќи во моето детство родителите токму таму со мене и моја помала сестра го поминуваа одмоморот, затоа годинава решив да одам таму со мои два сина и сопругата – рече Мицкоски.

На почеток