Видео и Фото

ФОТО: Силјановска и Пендаровски на концерт кај Стефановски – ненаметливи и неприметливи

Претседателот Стево Пендаровски и кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова беа присутни на концертот на Влатко Стефановски кој се одржа на Античкиот театар во Охрид.

Пендаровски во публиката седеше со неговата сопруга и синот, додека пак, Силјановска со пријателка и уште едно мало девојче.

Двајцата излегоа од Антички театар скоро неприметливо и ненаметливо по завршувањето на концертот.

Претседателот пак, не се “истурка” низ посетителите со помош на обезбедувањето за побрзо да помине, како што тоа порано беше пракса, ниту пак, држеше дистанца, туку се движеше заедно со останатите.

 

На почеток