Македонија

(ФОТО) Катица Јанева на ѕидовите од притворското одделение во Шутка

Цртеж од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на ѕид од една ќелија во затворот во Шуто Оризари.  Јанева се наоѓа меѓу повеќе дами во бикини, меѓу кои и Рита Ора. Телевизија Телма, која сними репортажа за условите во затворот, налета и на овој цртеж.

„Во ќелиите можевме да го видиме уметничкиот талент на притворениците но во една ја начекавме и специјалната обвинителка Катица Јанева. Нацртана на ѕид меѓу повеќе дами во бикини, а авторскиот мотив зошто баш Јанева ни остана непознат. Во притвор има само неколкумина кои се дел од истрагите на Јанева, но има и многу други притвореници кои живеат во лоши услови, со децении не е реновирано, па ќелиите изгледаат како одаи за мачење. Темни и страшни, понижувачки“, пишува телевизијата.

Инаку во во притворот во Шутка во моментов има неколкумина кои се осомничени во истраги на СЈО.

На почеток