Новинарот Геровски, кој прв ја отвори аферата за „Рекет“, за Канал5 вели дека недостасува клучниот одговор – каде се парите.
Героски порачува органите на прогонот да не спијат и да ги проверат сите шпекулации за можна вмешаност на институциите во рекетот.
“Ова што го видовме, овие договори, сепак укажуваат на сериозни сомневања за криминални дејствија. Мислам дека Финансиската полиција заедно со УЈП многу брзо ќе си го сменат мислењето“, вели Геровски за Канал 5 ТВ.
Дали и во која насока ќе има проширување на истрагата за случајот „Рекет“ се очекува да биде појасно по враќањето од годишен одмор на обвинителката Русковска, во втората половина на август.
