По завршувањето на Евровизија, Тамара ја следеа низа скандали. За сите еден по еден следуваа низа коментари по социјалните мрежи преку кои се упатуваа навреди и критики кон неа.
Токму ова беше причина Тамара одреден период да се дистанцира од социјлните мрежи. За тоа каде и што прави во моментов говорат последните „стори“ на својот профил на Инстаграм и Фејсбук преку кои покажа дека се наоѓа во Гевгелија, родното место на нејзиниот сопруг Александар.
Токму од таму таа објави порака, која како да им ја упати на сите душегрижници, а во споделената мисла се вели:
-Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат. Тоа е дека не те познаваат доволно, но мислат дека имаат право да кажат нешто за тебе, пишува во објавата на Тамара.
