Коментари

Героски: Јас сум виновен за бегството на Груевски, а Шеќеринска е невина за аферата “Рекет”

Жал ми е што не сме се разбрале со министерката Радмила Шеќеринска.

И лут сум што таа ме амнестира од евентуалната вина за бегството на Никола Груевски, на тој начин што “позитивно” ме дискриминира, па вели дека обвинувањата на нејзина сметка се исто како кога таа на новинарите би им кажала: “Пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта, дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство?”

Но, Шеќеринска евидентно не би го кажала тоа што го кажала, бидејќи, како што вели самата, “никој разумен тоа не би можел да го каже”. Оди разбери ја…, пишува во најновата колумна новинарот Бранко Героски.

Некои портали и ботови на социјалните мрежи веднаш дешифрираа дека Шеќеринска мисли на мене и дека вака возвраќа на моите наводи дека ликови од опкружувањето на осомничениот Бојан Јовановски биле во пријателски релации со неа. Како јас со поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски. А бидејќи јас не сум и никогаш не сум бил доволно “разумен” да се бранам на начин како што се брани Шеќеринска, веднаш ќе ги расчистам работите.

 

На почеток