Македонија

Панов како градоначачник на Кавадарци бил осуден на две години затворска казна за поткуп

Ексградоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, кој е под истрага за поседување монети пронајдени на археолошки локалитети во земјава, во минатото бил осудуван за изборен поткуп. Основниот суд во Кавадарци, во 2016 година донел одлука за две години затворска казна и 25.000 денари казна.

Според сведоците Панов за време на предизборието нудел поткуп од по 1.000 денари за гласање во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Главниот сведок Сали Мемедов тврдеше дека тоа го правел гладоначалникот Александар Панов и дека сите требале да се потпишуваат на некакво ливче.

Сега пак, велешкото обвинителство во соработка со полицијата од Велес и Кавадарци направиле претрес во домот на Панов и неговите родители под сомнение дека поседува над 1.000 монети со археолошка вредност.
По направениот претрес, одземени се неколку колекции монети за дополнителни испитувања. За нивното потекло, кавадаречката полиција два часа го распрашувала Панов. По дадениот исказ, екс градоначалникот на Кавадарци заминал дома.
Тој потврди дека утринава неговиот дом и домот на родителите ги посетиле обвинител и полиција кои при претресот одзеле колекции монети.
Панов вели дека пронајдените колекции се модерна нумизматика.
На почеток