Македонија

Шекеринска за „Рекет“: Никој не е света крава, па ни Боки 13

Докажавме дека никој не е света крава. Вака вицепремиерката и министерка за одбрана ја прокоментира истрагата Рекет. Шекеринска се дистанцираше од било каква поврзаност со Меѓународниот сојуз на Боки 13. Вели никој не е над заканот, а истражните органи имаат обврска докрај да го испитаат случајот.

Опозицијата пак секојдневно бара проширување на истрагата. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека мозокот на целата операција Рекет треба да се бара во владејачката партија.

Освен дека истрагата е во тек, од обвинителството засега не откриваат други детали. Вчера од невладината Меѓународен сојуз на Боки 13 потврдија дека организацијата не е опфтена со истрагата и ниту еден вработен не е повикан на распит. Осомничени засега се само Боки 13 и Зоки Кичеец кои добија 30 дневен притвор. обвинителството за гонење организиран криминал ги сомничи дека изнудиле 1,5 милиони евра од скопски бизнисмен за да запрат кривична постапка на СЈО.

На почеток