Дали некој во Советот на Охрид прави „Трговија со влијание“ во време кога граѓаните сами ги уриваат дивоградбите да го спасат Охрид?!
Имаат ли советниците во Советот на Охрид дилеми како да гласаат по точките 1 и 2 со кои практично треба да се усвои почеток на мораториум на градба до конечното спроведување на препораките на УНЕСКО.
Јавноста денес ќе гледа како ќе гласа пред се мнозинството кое го предводи СДСМ , а кое е конгломерат составен од повеќе партии и други форми на коалицирање, и во кое оваа партија има само 6 советници.
Советот на Охрид со децении во сите состави ( почнувајќи од овај па наназад до 1991 година ) е институционално дувло на јавна политичка корупција, која воопшто не се крие и која е своевиден систем на вредност во функционирањето на ова тело.
Дали коалиционите партнери на СДСМ ќе играат со уцени за исполнување на лични желби и индивидуални интереси, наспроти јавниот интерес Охрид да остане на списокот на УНЕСКО ќе се види на самиот почеток на седницата.
Советници трговци ?!
Дали советниците кои изнесуваат свои барања од лична природа до власта, кои барања се директно испоставени како „трампа“ со нивниот глас не вршат трговија со влијание и не ја рекетираат самата држава, поточно нејзините граѓани кои ги избрале да го штитат јавниот, а не личниот интерес ? !
Влијанија на „Урбаната Мафија“
Денешната седница и гласањето за „мораториумот“ ќе покаже и дали покрај личните трговии со влијане советниците се под контрола или се подплатени од т.н. „Урбана мафија“ која со децении плаќаше советници да гласаат катастрофални одлуки за Охрид.
Доаѓа време за темелна анализа на Советот !
Неколку реномирани новинарски истражувачки центри ( јавно финансирани од странски амбасади ) направија серијал истражувачки стории за активностите на еден од советниците, Нефи Усеини. Последиците од тоа медиумско експонирање и истражувањата се видливи. Во следниот период треба сериозно овие ресурси да се посветат на Советот на општина Охрид и корупцијата која тој ја креира со децении наназад во сите состави до денес.
