Охридските советници денеска ќе треба да одлучат дали и кога ќе ги уриваат дивоградбите што го загрозуваат статусот на заштитено подрачје од УНЕСКО.
Екологистите советуваат да нема селективност и да се отстрани се она што комитетот на УНЕСКО го обележал како опасност за природно- културното наследство.
Што точно содржи планот општината досега не откри, но доколку се усвои тоа ќе значи дека до септември сите нелегални угостителски објекти на потегот од Ј’но до Канео ќе треба да се урнат, а до 1 февруари ќе треба да се урнат и сите останати дивоградби кои ќе бидат регистрирани како критични.
