Македонија

Медиумите водат паралелна истрага на „Рекет“

Од СЈО не коментираат за новата снимка за случајот „Рекет“ во која се споменува и името на Катица Јанева. Од ОЈО не прецизираат дали им е позната снимката. Јанева досега не е повикана на распит. Правни експерти коментираат дека Обвинителство досега требаше да ја прошири истрагата.

Додека предметот „Рекет” е во фаза на истрага во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, во странски медиуми излегуваат видео и аудио снимки на кои се гледаат двајцата осомничени кои се во притвор Бојан Јовановски и Зоран Милески и сведокот Орце Камчев, Објави слободнаевропа.мк.

На видео снимката на која има и аудио дел, а која е објавена во десничарско конзервативниот италијански весник „Ла Верита”, се гледаат Јовановски и Милески како излегуваат со торба од куќа од која ги испраќа Камчев. Претходно, на снимката се гледа како илјадници евра се ставени во торбата со која излегуваат осомничените, а до неа се бројат евра и се подготвуваат рачно испишани спецификации за изброените банктноти.

Од Специјалното јавно обвинителство, чиј формален шеф во оставка се уште е Јанева, денеска немаат коментар за спомнувањето на името на нивниот надреден. Од таму се повикуваат на нејзината претходна изјава во која рече дека се оградува од случајот Рекет.

СЈО случајот „Империја“ го отвори лани во ноември. Во него се осомничени 13 лица меѓу кои и екс шефот на УБК Сашо Мијалков за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари.

 

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk

На почеток