Додека се објавуваат снимки, се пуштаат различни шпекулации, јавноста бара одговори, обвинителите си отидоа на одмор. И притоа не уверуваат дека се работело во континуитет. Прашуваме од каде се работи? Од плажа? Наместо обвинителите да ги засукаат ракавите и да го истражат случајот до крај, тие решија да одморат. Се отвора сомнеж, дали тоа што не се проширува истрагата е обид нешто да се прикрие? Зошто Обвинителството молчи за снимката и не ја повикува Јанева на распит? Кој кого штити, се вели во соопштението од ГДУ.
Власта вели никој не е заштитен и никој нема да биде поштеден, но сликата која се создава во јавноста е друга. Јавноста има право да ја знае вистината. Видеото ја разбранува јавноста, разногласие на сите страни, а обвинителите на плажа.
Ова не може вака. ГДУ апелира истрагата да се забрза, обвинителите да го прекинат одморот и случајот „Рекет“ да го истражат до крај. Мора да дадат одговори кој се учествувал во овој криминал и да не оставаат простор ниту за најмал сомнеж. Никој не смее да биде заштитен, секој што бил инволвиран во овој случај треба да одговара!
Доколку тоа не се случи, ова ќе биде само уште еден премиер за спрегата власт- обвинителство- судство, се вели во соопштението од ГДУ.