Италијанскиот новнар Ларис Гајсер кој денес ја објави снимката каде се гледа како Боки 13 и Кичеец земаат пари од Орце Камчев, за утре најави ново продолжение. Неофицијално и непотврдено, но се шпекулира дека утре ќе се чуе аудио делот каде Боки 13 за време на разговорот со Камчев, ја вклучува Катица Јанева на спикер. Снимката со новото продолжение ќе биде објавена изутрина околу 7 часот.
„Уште утре следува нова сторија и се ќе биде појасно“, вели новинарот Гајсер.
Ларис Гајсер на својот ФБ профил за објавата во весникот „Лаверита“напиша „ Екслузивна Македонија!! “ по што вели видеото е само еден дел од она што го поседува за корупцијата на судскиот систем во земјава.