Сумата од 1,5 милион евра која Боки 13 и Зоки Кичеец ја земаа од Орце Камчев, институциите не знаат каде е. Тие не можат да ги пронајдат парите, а се надеваат дека во идниот период некој ќе им дошепне, за да можат да ги запленат милионите. ТВ24 денес објави и дека парите не се изнесени од земјава, а не се влезени ниту во финансиските текови.
Познавачите велат дека невозможно е 1.5 милион евра да се изнесат од државата за толку кратко време, колку што имале Боки 13 и Зоки Кичеец. Истите потенцираат дека парите од Камчев не се ниту на некоја од банкарските сметки на осомничените.
Другиот милион, пак кој две градежни компании го исплатиле на лични сметки на две лица од Меѓународниот Сојуз на Боки 13-ка во голем дел најверојатно е и потрошен.