Откако ги објави видео снимките за тоа како Боки 13 зема парите од Орце Камчев италијанскиот новинар Ларис Гајсер од весник „Ла Верита“ на Фејсбук објавува дека е затрупат од барања за пријателство и се извинува што не може сите да ги прифати.
„Драги пријатели Ви благодарам за големиот број барања за пријателство. За жал имам квота од 5.000 и не можам сите да ги прифатам. Дајте ми неколку дена да се реорганизирам на Фејбук. Ви благодарам за разбирањето“, пишува Гејсер.
