Македонија

Новинарот кој објавува снимки за „Рекет“: Мразам манипулации, судиите во Македонија да истражат

Ларис Гаисер, од италијанскиот весник „Ла Верита“ во коментар објавен преку својот фејсбук профил ги наведува причините поради кои ги објавува материјалите поврзани со случајот „Рекет“. Меѓудругот, во дел од текстот наведува дека не сака да биде инволвиран во меѓународни политички препирки, туку сака да даде свој придонес во потрагата по вистината – „за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава“.

„Јас не сум богат. Немам огромни финансиски фондови за да спроведувам експериментални револуции. Како и моите пријатели во „Ла Верита“ ја мразам глупавоста и манипулациите. Веруваме во човечката интелигенција и слобода. И двете секогаш го наоѓаат патот да испливаат на површина и да надвладеат. Дури и после долги периоди на понижувања. Мојата надеж денес е преку моите извештаи да ги охрабрам добрите, сѐ уште независни, слободни судии, вистинските верувачи во важноста на владеењето на правото, да продолжат да истражуваат и да ја направат Македонија светол пример на стабилна земја!“, пишува Гаисер.

На почеток