Актуелно

Јоци за Кичеец, Боки 13 и Јанева: Вакви глуперди не се наоѓаат ни на детски роденден

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави нова снимка на која покрај Бојан Јовановски алијас Боки 13, Зоран Милески викан Кичеец и бизнисменот Орце Камчев, се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која му порачува на Камчев „не се секирај за ништо, се ќе биде ок“.

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на социјалните мрежи напиша „Сите мислеле да берат смокви со Камчев“.

„Сите овие кленови изгледа мислеле берат смокви со Камчев. Ко прав глумец, прво влегол во кожа на детенце, ластичиња, кјурои, витони, а на крај си ја облекол лавовската и сега овие не знаат каде се. И секој против секој ќе се сврти. А, бе, вакви глупендри не се наоѓаат ни на детски роденден со балони“, напиша Јоци.

Во денешната снимка се споменува и обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, Камчев вели дека од него било барано да и обезбеди дуќан за стоматолошка ординација.

Ова е втора снимка која ја објавува италијанскиот весник во врска со овој случај. Во вчера објавениот видео материјал на италијанскиот весник има и разговор во кој Боки 13 му ветува на бизнисменот Камчев дека ќе биде ослободен понеделник, најдоцна вторник, а специјалната обвинителка Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови како би го одолговлекувала куќниот притвор на Камчев.

Камчев пак кој е осомничен во случајот „Империја“ на СЈО, беше пуштен од куќен притвор на 4-ти март.

На почеток