Актуелно

Камчев во разговор со Боки 13 за Мијалков вели: „Ние сме бизнисмени, не прислушкувачи и уценувачи“

Во дел од разговорите објавени денеска од италијанскиот весник Ла Верита, осомничениот во случајот рекет Бојан Јовановски – Боки 13 му кажува на Орце Камчев дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков веднаш по пресудата од случајот „Тврдина/Таргет“ ќе биде ставен во затвор.

Еве транскрипк од разговорот кој го објави весник Ла Верита, и за кој тврди дека разговараат Боки 13 и Камчев:

Боки 13: Прислушуваните материјали.

Камчев: Палчо и компанија, шо со тоа?

Боки 13: Не бре тоа, пресуда ќе има.

Камчев: Ааа.

Боки 13: Мијалков.

Камчев: Кога? Ама тоа за ова, до таму дојде?

Боки 13: Вероватно одма у затвор ќе го стават, на лежење.

Камчев: Ако е поголема казната, сигурно тоа… Шефе, од таму се сите гомна. Не сме слушале јас и ти, не сме праеле. Кој си слушал, нека си праи… Си сркал… А бе ние бизнис тераме, не тераме полиција, политика, прислушкувања, уценувања, глупости. Не сме научени на такви приказни, на таков начин.

Боки 13: Добар си, добар си.

Камчев: Те бендисав, а?

На почеток