Македонија

Гајсер денеска се чуди што нема реакција од Могерини и Јункер кои „инсистираа силно за специјалната обвинителка“

Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајсер, авторот кој ги објавува снимките за аферата „Рекет“, наместо видео содржини утрово објави видео колумна.

Во неа тој се чуди зошто институциите на ЕУ не поднел ниту еден институционален извештај.

„Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.

Дорис Пак објави силен апел вчера на социјалните мрежи, со барање за итна реакција, кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Фредерика Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на „Ла Верита“.

Во 2015, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите – пишува Гајсер.

 

На почеток