Актуелно

Во Македонија има антракс, власта крие?

Во Македонија се појавила опасната заразна болест антракс, а власта крие, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата објавија дека имаат сознанија дека пред две недели било донесена заразена овца од западна Македонија во Ветеринарниот факултет во Скопје.

Со испитување е потврдена дијагнозата, а поради тоа 30 вработени од Факултет веднаш биле однесени на Инфективна клиника за превентивна терапија.

Од опозициската партија прашуваат дали се преземени сите превентивни мерки за вакцинација на населнието и локализирање на болеста кај животните која лесно се пренесува на луѓе.

Додека по налог на Зоран Заев се менуваат закони за да можат партиските шерифи да градат хотели и ресторани на земјоделско земјиште, постојат сериозни сомнежи дека кај добитокот во делови од Република Македонија се појавила заразната болест антракс, зоонозна болест која многу лесно може да се пренесе од животно на човек.

Власта мора да одговори дали е точно дека од угината овца е донесен примерок за испитување на ветеринарниот факултет каде е детектирана болеста антракс и веќе две недели се молчи за оваа ситуација?

Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија.

Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има?

Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот Димковски мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на оваа заразна болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето, или се чека болеста да земе замав и да има последици по животите на граѓаните.

Почитувани,

За овој крајно несериозен пристап на директорот на агенцијата за храна и ветеринарство  и министерот за земјоделство Димковски мора да има одговорност затоа што сериозно е загрозено здравјето на граѓаните во Република Македонија.

Воедно апелираме Агенцијата за храна и ветеринарство да ги преземе сите потребни протоколи се со цел ставање под контрола на оваа сериозна заразна болест која преставува сериозна закана пред се за граѓаните на Република Македонија, но и за останатиот сточен фонд во Република Македонија, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На почеток