На територијата на Република Северна Македонија нема заболени граѓани од антракс, велат од министерството за здравство, по информацијата која ја обелодени опозициската ВМРО ДПМНЕ дека наводно на ветеринарниот факултет се испитувал примерок од угината овца каде е детектирана болеста антракс, по што околу 30-ина вработени на Факултетот ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија
„Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс“, информираат од ресорното министерство.
