Македонија

Италијанскиот „Ла Верита“ тврди дека поседува уште снимки

Загрижени службеници од македонската администрација ги предале видео и аудио снимките од случајот „Рекет“ на италијанскиот весник Лаверита кои изминативе четири дена објавува стории и материјали за скандлот што ја тресе државата, објави Сител.

Вакво признание дава самиот автор Ларис Гајсер во последна видеоколумна објавена во денешното издание на весникот. Тој вели дека поседуваат уште аудио и видео снимки, како и документи за случајот, но во моментов се прават консултации со правници за нивно објавување.

Во колумната Гајсер коментира дека напоразувачката порака – тотален молк е она од Брисел, особено имајќи предвид дека  дека претседателот на Европската комисија  Жан Клод Јункер и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини инсистираале силно за специјалната обвинителка, објави Сител.

Текстот во целост на: Сител

На почеток