Македонија

Вилма во среда се враќа од плажа, а прво ќе се сретне со Катица

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, кон средината на идната недела ќе се врати на работа и лично ќе ја продолжи истрагата за случајот „Рекет“. Од Јавното обвинителство на РСМ велат дека „според утврдениот распоред и решението, првиот дел од одморот на обвинителката Русковска завршува во среда (14 август)“.

Ова би значело дека обвинителката во СЈО надлежна за случајот „Империја“, Лиле Стефанова, повикана во вторник во ОЈО за гонење организиран криминал, ќе го даде исказот пред обвинителот што ја заменува Русковска додека таа е на одмор. Следните денови на распит треба да се појави и Катица Јанева.

Во еден од разговорите објавени вчера, Јанева се вклучува во разговор меѓу бизнисменот Јордан Камчев и шоуменот Боки 13, велејќи дека „не ја држи редовно Лиле под контрола, но дека таа не може ништо без неа“. Јанева потврди дека тоа е нејзиниот глас, но се брани дека со Камчев разговарала службено, преку посредник, и го врбувала да стане сведок-соработник во друг предмет што бил во предистрага.

Лиле Стефанова, обвинителката од СЈО надлежна за случајот „Империја“, јавно изјави дека решенијата со кои СЈО дава согласност за полесни мерки за осомничените ги носела лично Јанева и покрај нејзиното противење. Стефанова тврди и дека Јанева во април побарала „Империја“ да заврши само со надомест на штета за државата, иако Кривичниот законик предвидува затворски казни за делата за кои се сомничат инволвираните.

Повеќе на 360 степени.мк

На почеток