Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес се обратил во јавноста од зградата на Генералниот секретаријат.
Покрај политичките прашања кои му биле поставени за ситуацијата во државата тој од новинарите добил и прашање за случајот „Рекет“ кој деновиве ја “тресе“ политичката сцена во Република Северна Македонија.
На прашањето на новинарите за аферата „Рекет“ , претседателот изјавил дека не се меша во внатрешните прашања на другите држави.
-Како што дознав од добро известени италијански извори, тука ќе има уште изненадувања, а сега верувам дека Зоран Заев го разбира она што му го зборував за одредени лица кои се далеку од Србија – изјавил Вучиќ.