Актуелно

Од среда интензивни врнежи од дожд со силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град

Температурите на воздухот  до среда ќе бидат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени додека пад на истите и освежување ќе имаме во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток. Во четврток пак максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Метеоролозите најавуваат и невреме и тоа проследено со поројни врнежи, силен ветер како и грмежи кое ќе започне од вторник и тоа најпрвин од северен Балкан поточно од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина па потоа преку Србија, Црна Гора и Албанија ќе пристигне и кај нас.

Поради судирот на две воздушни маси (многу топлата од југ и свежата од север) локално процесите ќе бидат интензивни со пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално има услови да биде и крупен.

 

 

На почеток