12-годишната Исидора В. од Ниш настрада вчера во 12 часот и 40 минути кога ја прегази возило кое се придвижило назад на улица, пишува прес24.мк
Трагедијата ја потресе Србија, но и регионот, а возачот кој бил во возилото кое се придвижило наназад, веднаш избегал, но полицијата за среќа го фатила и привела.
Исидора со ранче тргнала на училиште, кога на неа налетал автомобилот марка Фијат и ја усмртил. За жал девојчето починало веднаш.
Има две верзии за несреќата, од кои едната дека возачот го оставил возилото и не бил во него, но не кренал рачна па се придвижило, а втората дека сакал да се сврти на улицата и не го видел девојчето.
– Слушнав глас кој вриштеше по силниот удар. Под колата го видов само главчето на детето и ранецот, вели случаен минувач додавајќи дека сликата била ужасна.
Семејството е скршено од тага.