Свет

Трамп нестрплив: Наскоро повторно со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сценариото за неговиот втор состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, би можело да биде како првиот пат, освен што ќе се одржи на некоја друга локација. Трамп за средбата со лидерот на Северна Кореја зборувал во Њујорк, каде се појавил пред новинарите заедно со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин.

Според Трамп, средбата со Ким ќе се случи во не така далечна иднина, а детаљите во врска со тоа, како што рекол, ќе бидат објавени многу брзо. Трамп и Ким се сретнаа во јуни во Сингапур, поради разговори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Јужнокорејскиот претседател неодамна се сретна со Ким, а Трамп, преку денешната средба во Њујорк, му испратил порака на севернокроејскиот лидер, пренесе АП.

Трамп и Мун Џае Ин, потпишаа договор за слободна трговија, а Трамп го поздрави нарекувајќи го историска пресвртница во трговијата. Американскиот претседател, кој сака повторни преговори за трговски договори со повеќе земји во светот, рекол дека ревидираниот договор со Јужна Кореја, ќе ги намали бирократските препреки и ќе го зголеми просперитетот во двете земји, пренесе Ројтерс.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток