Видео и Фото

ВИДЕО: Боки 13 заработува, додека Заев зборува

За она што треба да го сработам, или наплаќам многу или работам за џабе, бидејќи не сакам да се пазарам и некој да ми ја потценува вредноста. Ова во интервју за ток-шоуто „Еден на Еден“ пред две години го изјави Бојан Јовановски – Боки 13. Во интервјуто за Жарко Димитриоски тој признава дека наплатил 200.000 евра за 4 месеци за турнеја во Србија и додава дека најмногу заработил од оние што со потсмев го нарекувале педер и зборувале „Види го, педер“.

https://www.facebook.com/landovk/videos/2258371140939970/

„Ако некој нема да ме плати, му кажувам немој да ми ја потценуваш вредноста, или плати ме како што треба или ќе ти работам за џабе. Најмногу сум наплатил од оние што ми се смееле и ми викале „Види го, педер“. Генерално сме сеирџиски народ и ако не знаеш да му пласираш шоу на народот“, поарно седи си дома, вели Боки 13.

Премиерот Зоран Заев вчера коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата.

„Секако, нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа Влада од власт. Ќе се бориме до крај, а секој ќе си сноси одговорност“, рече премиерот Заев.

На почеток