Македонија

Здруженијата на Египќани се оградија од Демир Далип

Шест Здруженија на граѓани на Египќаните од Охрид, Стругам Кичево, Ресен и Битола се оградија јавно од дејствувањето на лицето Демир Далип за кој велат дека во јавноста лажно се претставувал како лидер на Египќаните.

Во соопштението стои:

Заради честите злоупотреби и лажно претставување на лицето Демир Далип кое во медиумите се претставува како наш претставник и лидер ние  Претседателите на шесте здруженија на Египќаните од градовите Охрид ,Струга , Кичево, Ресен и Битола до јавноста ја испраќаме следната информација:

Ние здруженијата и организациите кои ги обединуваат Егкипќаните од Македонија ја информираме јавноста дека лицето Демир Далип кое во јавноста се појавува и лажно се претставува за претставник на некаква Невладина организација која ги штити правата на Египќаните, не е наш претставник и никој никогаш не го овластил да зборува во име на Египќаните.

Господинот Демир Далип лажно се претставува за претставник на невладина организација која во повеќе прилики ја наведува со различни имиња , а која всушност не постои и никогаш не е регистрирана.

Со ова лажно претставување спомнатото лице со години крши одредби од Закон, притоа правејќи кривични дела со лажно претставување во јавноста и медиумите.

Ова писмо го упатуваме до ценетите медиуми , јавноста и надлежните органи  со цел да го земат во предвид и да ја информираат пошироката јавноста дека лицето Демир Далип од никого никогаш не е овластен да се претставува како лидер на нашата етничка заедница Египќани.

Во прилог  Фотографија со печат и потпис од сите здруженија од Египќаните во Р.М.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток