Петар Богојески на својот фб профил напиша статус поврзан со државниот грб на Република Македонија.
Додека е отворен Уставот и се одлучува за уставните амандмани, пред да се затворат истите, треба сите да бидеме победници од процесот, за што е потребен консензус за новиот Устав. Тоа би се случило доколку земскиот грб на Македонија, односно жолтиот лав на црвена основа биде државен грб на Република Македонија.