Џефри Епстајн, милијардерот обвинет за педофилија кој неодамна се самоуби, во својата вила на Менхетн имал бизарен портрет од Бил Клинтон.
На сликата се гледа некогашниот претседател на САД Бил Клинтон кој е прикажан како седи во претседателската канцеларија во син фустан, која потсетува на оној кој го носеше Моника Левински.
Epstein had bizarre painting of Bill Clinton in dress, heels in townhouse https://t.co/wxu8y0770L pic.twitter.com/NzqsT0RkRK
— New York Post (@nypost) August 14, 2019
Сликата е фотографирана тајно во раскошната куќа на педофилот, која вреди 56 милиони долари, во октомври 2012 година, четири години откако Епстајн ја заклучи работата со подведување малолетници и седум години пред да биде обвинет дека управува со ланец за трговија со секс со малолетни девојки.