Актуелно

Коѕијас преку „Твитер“ порача: „Во Скопје поставена табла дека Александар е Грк“

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас на социјалната мрежа „Твитер“ објави фотографија од ново поставените табли на спомениците во Скопје.

„Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денеска се најде под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателство меѓу народите“, напиша Коѕијас на Твитер.

Инаку таблите кои објаснуваат дека припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација, наидоа на револт кај граѓаните воз емјава. Таблите експресно беа искршени, по што беа заменети со нови. За да истото не се случи и со новите пред секој споменик со ваква табла ќе има и лица кои ќе ја чуваат.

За разлика од кај нас, во Грција, тешко или никао не се спроведува Преспанскиот договор.Кај нашиот сосед нема никакви активности во правец на исполнување на преспанските обврски.

 

На почеток