Пожарот кај населбата Пинтија е изгаснат, информираат утринава од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Пожарот избувна вчера околу 11:30 часот во шумскиоит реон над Пинтија и зафати поголема површина мешана шума.
Последните денови во скопските планини имаше неколку пожари. Најчести причини за проширувањето на огнот се високите температури и силниот ветер.
