Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, одлучи да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3″. На денешното рочиште за случајот „Титаник 3“ адвокатот на одбраната Еленко Миланов побара изземање на обвинителите на СЈО од овој предмет и прекин на постапката. Миланов рече дека постои очигледна конфронтација меѓу шефицата Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски и дека последните случувања во СЈО доведоа до менување на состојбата од последната расправа до денеска.
Судењето за „Титаник 3“ е пред крај, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои како членови на Општинската изборна комисија во Чаир, според обвинението, на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.
