Актуелно

Како ќе влезе Јанева кај Русковска, а да ги избегне новинарите?

Катица Јанева како шефица на СЈО треба да сведочи за случајот „Рекет“. Таа претходно изјави дека не учествувала во делото кое му се става на товар на Боки 13, но и за Зоки Кичеец, но не одговори на клучни прашања. Имајќи го в предвид фактот дека Јанева во изминатиот период ги избегнуваше новинарите и се криеше, се поставува прашањето, како таа денеска ќе ги избегне новинарите, имајќи в предвид, дека тие ќе ја чекаат пред зградата на Обвинителството за организиран криминал.

Јанева треба да одговори на многу прашања кои јавноста ги поставува. Како телефонот кој го пријави за изгубен, се најде во рацете на нејзина роднина? Зошто телефонот е форматиран? Што сакала да каже кога му велела на Орце Камчев „Се ќе биде ок“, но и други.

Постојат повеќе веројатности, како Јанева ќе влезе во ОЈО. Дали таа ќе ги користи тунелите кои водат од Граѓанскиот суд, преку споредните влезови, службениот влез или па гаражниот влез.

Новинарите веќе се собираат пред седиштето на ОЈО кое се наоѓа во зградата на Апелациониот суд.

На почеток