Боки 13 кој е првоосомничен за случајот „Рекет” и е во притвор заедно со бизнисменот Зоки Кичеец, имаше многу пријатели на српската естрада, а една од нив беше Лепа Лукиќ.
Таа е една од ретките кои дале изјава за српските медиуми за Боки13 по апсењето.
– Јас Боки го познавам девет години. Го запознав кога учествувавме во реалното шоу, Големиот брат. Оттогаш се слушаме и гледаме понекогаш. Бев на отварањето на неговата телевизија во Македонија, а неколку пати ми среди за тезги за Нова година и на мене, како и на други колеги. Го познавам како многу фино момче, можам да кажам се најдобро за него. Е сега што било и што направил тој за да го уапсат, немам појма, изјавила Лепа за српските медиуми.
Таа рекла дека за неговото апсење не знае ништо и дека слушала и читала само по медиумите.
