Македонија

Документот со исказот на Камчев не е излезен од кај Русковска, туку од судот

Исказот на Орце Камчев кој беше објавен на порталот „Информакс“ не е излезен од Основното обвинителство за организиран криминал и корупција, туку од надлежниот суд каде се одлучуваше за притворот на Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева, велат извори за „Скопје1.мк“. Обвинителката Вилма Русковска поседува оригинални документи, а не копии, додека пак, примероци од овој документ може да има само во судот.

Засега, оваа информација не е потврдена, а пак, Русковска ја потврди веродостојноста на првата страница од записникот објавен утрово. Ниту порталот „Инфомакс“ не кажа од каде го добиле документот кој е дел од истрагата.

На една страница пред обвинителката во предметот Вилма Руковска, бизнименот Орче Камчев појаснува како во неколку наврати од него група луѓе изнудувале пари. Сега осомничените во „Рекет“ Боки 13 и Зоран Милевски во септември 2018-та на Камчев му понудиле бизнис план за продажба на права за некаков тип на Фешн мол за 4 милиони евра. Откако ги одбил се вратиле со нова идеја за изградба на  домови за стари лица во Скопје.

Документот доѓа ден откако обвинителката во СЈО Лиле Стефанова одговараше на прашања на новинарите до каде е истрагата за предметот „Империја“ во кој се сомничи Камчев дека перел пари заедно со Сашо Мијалков и неколку бизнисмени, а за да излезе од притвор и да го добие пасошот назад  платил еден милион евра на Боки 13 и Зоки Кичеец да му помогнат кај Катица Јанева.

На почеток