На 26.08.2019 во 19.15 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај с.Семениште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со австриски национални ознаки, управувано од Х.И.(20) од Скопје и патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(39) од с.Буковиќ, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., а сопатникот од истото возило Ф.А.(37) и возачот на другото возило Х.И. се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
