Македонија

Жена прегазена и оставена на улица во Скопје

На 27.08.2019 во 19,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Франк Харкорт Манинг“ и улицата „Козјак“ во Скопје патничко моторно возило управувано од непознато лице удрило во пешакот П.Ј.(80) од Скопје и го напуштило местото на настанот. П.Ј. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток