Македонија

Пожар во помошна просторија на училиште во с. Ливада

На 27.08.2019 во 16,35 часот во Полициска станица Струга, А.З.(55) од с. Ливада пријавил дека настанал пожар во помошна просторија од ОУ„Аки Дика“ во с.Ливада. Од противпожарната единица од Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Констатирано е дека биле опожарени дрва за огрев, столарија и други предмети. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток