Македонија

Завршува мораториумот на градби во Охрид

Во Охрид ќе продолжи да се гради и урбанизира- градоначалникот уверува со умерен тек. Една година градот е под мораториум и тоа мора да се смени оти е  неопходен развој вели Стојаноски откако советниците на последната седница го одбија неговиот предлог за измени во Деталниот урбанистички план кој требаше да одобри изградба на  две нови висококатници во центарот на градот.

„Оваа цела година оди во мораториум, не беше донесен ниту еден урбанистички план, но тоа не значи дека имаме и урбанистички прогрес. Урбанистички планови мора да се носат и тие ќе бидат приоритетот на локалната самоуправа, но тоа не значи забрзана урбанизација.“ – вели Јован Стојаноски градоначалник Општина Охрид.

Урбанизацијата треба да продолжи, но со поголема контрола и не по секоја цена – едногласни се градските советници.

„Во центарот на градот е банално да се прави ваква урбанизација и деградација која беше пример за Охрид во минатото.“ – вели Кирил Пецаков советник ВМРО-ДПМНЕ.

„Охрид треба да се развива и урбанизира во законски рамки согласно со препораките на УНЕСКО.“ – вели Константин Георгиевски советник СДСМ.

Од една страна урбанистичките планови  години наназад се кочница и за хотелиерите кои алармираат на недостигот од нови сместувачки капацитети кои можат да го стагнираат туризмот но од друга страна пак експертите и УНЕСКО постојано предупредуваат туризмот да се развива внимателно со примена на светските стандарди за одржлив развој.

Како ќе се избори Општината со неколкуте спротивставени страни и ставови е непознато, но најавува дека во иднина пред донесувањето урбанистички планови ќе претстои јавна расправа во која меѓу другото ќе се слуша и гласот на граѓаните.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток