Министерот за култура Хусни Исмаили попладнево имаше сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар. Владини извори за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека министерот Исмаили со службеното возило „пасат” имал сообраќајка, но не е повреден ниту тој, ниту останатите учесници во несреќата. Предизвикана е само материјална штета, објави sdk.mk.
Несреќата се случила по завршување на работниот ден на министерот. Возилото на министерот се судрило со камион со гостиварски регистерски таблици. По несреќата регистерската таблица на возилото беше покриена со хартија.