Македонија

Ќе се санираат и пошумуваат опжарените подрачја во велешко, штетата кој настана е над еден милион евра

Еден милион евра е штетата од големиот пожар кај велешкото езеро „Младост“. Но, штетата од изгорената шума е ненадоместлива,затоа што е потребно многу време да се обнови дрвниот фонд. Од Национални шуми денеска излегоа со план за пошумување на уништената шума крај езерото, на површина од 200 хектари.

Од акционен план за расчистување на теренот и пошумување, формирање на координативно тело во кое ќе учествуваат Општина Велес, територијалната противпожарна единица, подружницата на Шумско стопанство “Бабуна“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈКП „Дервен“ како  организирање на масовна акција за пошумување, отворање на донаторска сметка, отворање на 24 часовен кампинг и надзор на локалитетот Езеро Младост како и поставување на хидранти, на повеќе локации на локалитетот, се состојат активностите кој се дел од мерките што Советот на Општина Велес ги усвои за ревитализирање на опожарениот брег на велешко „Езеро Младост“ .

Овие мерки се дел од иницијативата што вчера, на 29 август, доцна попладнето, ја усвоија членовите на Советот на 39 седница откако претходно го разгледаа извештајот за целокупната состојба настаната со пожарот што го зафати велешко езеро.

Инаку годинава Македонија ја зафатија многу пожари. Дел од нив се сеуште активни. Од Национални шуми велат дека освен околината на велешкотото езеро, наскоро ќе почне и пошумувањето на пониква, каде што пред неполн месец имаше пожар, кој опустоши поголема шумска површина.

На почеток