Македонија

Алсат М: Извештајот за разрешување на Јанева, Комисијата ќе го разгледува зад затворени врати?

Аласат М дознава дека Извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева, најверојатно ќе биде разгледуван на некоја од собраниските комисии зад затворени врати.

Опцијата – јавноста да биде исклучена, најверојатно ќе биде во игра, поради чувствителноста во судските истраги, но и имињата спомнати во него.

Ваквата можност ја дозволувал членот 18 од Законот за СЈО. Претседателот на Комисијата за избори и именувања, за Алсат посочи дека Извештајот од Советот на јавните обвинители сѐ уште го нема добиено, а од кабинетот на претседателот на собрнието велат дека Извештајот го добиле вчера, доцна попладне. Спикерот треба да го разгледа и во понеделник ќе го пушти до соодветна комисија.

Извор:Аласат М

На почеток