Магазин

Научниците категорични – не постои хомосексуален ген

Големо научно истражување на биолошките упоришта на сексуалното однесување на луѓето покажа дека не постои посебен геј ген, но беше установено дека сложената комбинација од генетиката и опкружувањето влијае на тоа дали некој ќе има сексуална склоност кон личности од истиот пол.

Во истражувањето биле анализирани податоци за ДНК и сексуалните искуства на половина милион луѓе. Се дошло до заклучок дека постојат илјадници варијации поврзани со истополовите сексуални партнери, но најголем дел од нив имаат мало влијание на тоа. Само пет генетски маркери се значајно поврзани со хомосексуалноста, но ни врз основа на нив не може да се предвиди нечија сексуална склоност, објави  inovativnost.mk.

„Скениравме цели човечки гени и најдовме само пет локации кои се јасно поврзани со тоа дали некој ќе има истополови сексуални односи“ велат научниците. Тоа значи дека другите фактори како опкружувањето, воспитанието и личноста се многу позначајни за сексуалкната ориентација како и во случајот со други човечки особини.

 

На почеток