Македонија

Мицкоски: Имаме информации за злоупотреби на европските фондови, но и на друг вид на злоупотреби од страна на високи функционери на СДСМ

Новинарско прашање: Освен не реализирањето на буџетот немањето на капитални инвестиции постојат информации дека во владата на СДСМ има злоупотреба на парите од европските фондови, имате ли вие вакви информации?

Одговор на Христијан Мицкоски: Имаме информации за злоупотреби меѓу другото и на европските фондови но истовремено имаме информации и за друг вид на злоупотреби од страна на високи функционери на СДСМ и не само во владата, туку и во институциите надвор од владата. Се проверуваат луѓето кои што сведочат кои што ги доставуваат тие информации, се разбира одговорно ги препраќаме кон соодветните институции, во случајов тоа е државното Јавно обвинителство. Но доколку видиме дека долго време ќе нема реакција од државното јавно обвинителство, тогаш како одговорна политичка партија имајќи предвид на јавниот интерес сите овие информации ќе ги споделиме со јавноста.

Новинарско прашање: Како ќе го прокоментирате изборот на новата Министерка за финансии

Одговор на Христијан Мицкоски: Јас тоа го прокоментирав и кроз еден мој статус на социјалните мрежи. Навистина не можам да се изначудам на нејзината храброст да биде потписник на желбите на дуото Заев и Анѓушев, а се со цел да остане што подолго оваа политичка каста која што ја втурна Македонија онаму каде што денеска се наоѓа понижена, омаловажена, опустошена и осиромашена. Доколку го погледате портфолијото лично односно биографијата на новата министерка јас не можам ништо посериозно да истакнам, да потенцирам со што можам да кажам дека очекувам додадена вредност за работењето во министерството за финансии или пак додадена вредност во буџетот на Република Македонија, сосема спротивно очекувам доколку не и било јасно до сега ќе и стане набргу јасно, за каков апологет треба да биде за периодот што следува, кога ќе треба да стави потпис на оној проект кој што принцот на политичкиот криминал го подготвува, а тоа е оној проект за изградба на Клинички центар од половина милијарди евра, па потоа сето она останато што следи до издавање на еврообрвзница, имајќи предвид  дека некаде на почетокот на следната година 2020-та имаме 155 милиони евра кои што треба да ги треба да ги вратиме во јануари месец, кон крајот на годината имаме уште поголем, некаде 185 кон крајот на годината тоа се само долгови кои што ги имаме кон странство, финансирање на буџетскиот дефицит. Така што предизвиците на кои што јас сум убеден дека нема да имаме брилијантни решенија туку ќе имаме потпис на штетните желба политики и куфер политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев ќе бидат секојдневие во министерството за финансии.

Новинарско прашање: Господине Мицкоски, премиерот вели дека оптимист кога станува збор за донесувањето на законот за јавното обвинителство, на брифинг со новинарите кажа дека ќе се откаже од оној План Б, доколку не, ќе се оди на некој пржински формат на разговори.  Во каква фаза се преговорите, воопшто преговарате ли со СДСМ за законот за јавно обвинителство и дали неговиот оптимизам можеби се базира на ваша подготвеност за отстапки од позициите кои што ги наместивте во преговорите?

Одговор на Христијан Мицкоски: Толку невистини се слушнати на тие брифинзи, официјални и неофицијални, така што можеби човек и не треба да ги коментира, но во интерес на јавноста и во интерес на функцијата нели на Зоран Заев потребно е да дадеме одговор и на таков тип невистини како што беа голем број невистини на тој искажан на тој последен негов брифинг. Но што се однесува до законот за Јавно обвинителство вистина е дека се преговара дека работните тимови преговараат работат да оставиме простор да одговорите течат. Кога ќе имаме нешто поконкретно тоа ќе го соопштиме на македонската јавност. Истовремено и за сите оние закони за кои што ВМРО-ДПМНЕ имаше сосема спротивни мисле3ња во однос на мислењата кои што ги имаше СДСМ.

Новинарско прашање: Како го коментирате вие Планот Б доколку не се постигне договор?

Одговор на Христијан Мицкоски: Планот Б е правно погрешен и тоа е само во услуга на неправдата, односно се прави услуга на неправдата во Република Македонија. Јас навистина жалам што министерката за правда на моменти се претвора во министер за неправда и човек толку полн со омраза и гнев кон ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата јас не сум сретнал досега дури и да бил тоа висок претставник или активист од редовите на СДСМ, што во секој поглед гледа да ги минира преговорите конкретно за законот за јавно обвинителство и практично таа е основната пречка што можеби досега тие преговори не завршија. Бидејќи нашата позиција е јасна и се темели на право и обезбедување на правда и правдина безусловна за сите во Република Македонија без разлика на политичката припадност, без разлика дали се тоа од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ДУИ или други политички партии. Тој што се огрешил пред законите и се посрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност низ еден фер, транспарентен судски процес за да има можност да се докажува дали е виновен или невин. И на крајот од тој судски процес ќе има конечна одлука. Додека пак нејзината позиција е исклучиво политичка со една цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Во такви услови ние не можеме да ги доближиме ставовите. Кога ќе збориме за право, и кога ќе збориме за закони, кога ќе збориме за Устав, правдина без исклучок, тука сме и подготвени сме да се договориме. Но политички договор за правно прашање ќе ни се случат ситуации кои што ни се случија, куферчиња, рекетирања и слично. Ние мора да најдеме правно решение за правен проблем.

Новинарско прашање: Дали сте оптимист дека ќе го најдете, извини не успеав да ве сватам и од двата одговори, има ли оптимизам кај Вас дека ќе се најде решение?

Одговор на Христијан Мицкоски: Јас не би зборувал со речникот има или нема оптимизам. Јас бев прилично јасен и прецизен и реков, работните тимови преговараат. Нашата позиција е принципиелна, се темели на почитување на Уставот, законите во насока и во согласност со правото и правдина без исклучок за секого.

Новинарско прашање: Рокот којшто нели до 15 септември функционира мандатот на обвинителите во СЈО истекува за скоро, за две недели. Токму затоа се прашањата дали има оптимизам, дали воопшто има и реална заложба да се донесе некакво законско решение со оглед на тоа што многу долго се  преговара, а сега остана уште многу малку време?

Одговор на Христијан Мицкоски: Јас на прес-конференција токму овде, во оваа просторија ги презентирав во неколку наврати принципите на ВМРО-ДПМНЕ и до сега, ниту од експертската ниту од политичката јавност не бев демантиран дека нешто од тоа што го презентирав не е во согласност со законите, уставот и дека не е правда. Ниту во еден момент не бев демантиран од никого. Напротив голем дел луѓето од експертската фела го поздравија сето тоа и изразија поддршка, што јавно, што лично. Тоа само ме охрабрува дека нашата позиција е принципиелна и е во насока на почитување на Уставот и законите и обезбедување на неселективна правда. Доколку постои вистинска намера од другата страна бидејќи сега веќе не станува збор за конструктивна опозиција туку да видиме дали власта е конструктивна. Доколку од таа страна постои вистинска намера за договор, тој ќе беше најден многу одамна. Но за жал до овој момент ние имаме политиканство што се темели на реминисценција на некои минати времиња. Треба да заборават дека веќе Преторијанци во редовите на ВРМРО-ДПМНЕ нема и ние преговараме исклучиво на факти и аргументи.

Новинарско прашање: Значи Вие нема да отsапите од вашите линии и она што го кажувавте?

Одговор на Христијан Мицкоски: Компромис со правото, законите и Уставот нема.

Новинарско прашање Премиерот Заев порача дека предвремени избори многу се мали шансите да има, затоа што ќе сме имале огромни резултати, датум за членство во ЕУ и членство во НАТО. Очекувате ли Вие предвремени избори?

Одговор на Христијан Мицкоски: Да, ја слушнав таа изјава и таа изјава се темели на три столба. Првиот столб е преговори со ЕУ, влез во НАТО и силна економија и тогаш опозицијата немала никакви шанси. Во неговата изјава во два дена видов две различни тези. Првата е дека нема шанси за предвремени избори, а втората е дека кога и да има избори опозицијата нема шанси ако се исполнат овие три критериуми. Еве јас ја користам оваа прилика да го повикам да се охрабри, бидејќи има анкета ја презентирал ја бифирал пред новинарите на тој брифинг дека водат. Еве, да се охрабри и веднаш да го распуштиме парламентот и јас му ветувам дека ќе работиме заеднички, доколку не победат на тие избори, да Македонија ќе дадеме се од себе да добие датум, да влеземе во НАТО, да имаме подобра економија итн, ако после тие избори ВМРО-ДПМНЕ остане во опозиција. Еве, нека се охрабри и тој. Нема потреба од брифирање, нема потреба од лажно храбрење. Но, јас го разбирам. Јас го разбирам зошто тоа го прави. Зоран Заев е притиснат внатре, веќе никој внатре нема доверба во неговите политички чекори. Затоа што знаат дека ги води во бездна и СДСМ и веќе се создава сериозна раслоеност внатре во СДСМ и него му беше потребна еден ваков ПР чекор за да ја зајакне дисциплината внатре во СДСМ лиферувајќи една ваква “желба – анкета” би ја нарекол, која што е далеку од реалноста. Реалноста е дека во овој момент доколку се одржат парламентарни избори, еве држете ме за збор, разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би била повеќе од 100 илјади разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа тој го знае. Тоа го знаат сите разумни луѓе во раководството на СДСМ и токму тоа е причината, а не приватизирање на процесот и индиректно инволвирање на целокупната меѓународна заедница во насока на продолжување на политичката кариера на овие криминогени, измамнички структури, кои што се дел од политичката каста што владее денеска со Република Македонија. Ајде охрабрете се, да излеземе на избори уште веднаш, оној којшто ќе победи, ако е така, ако имаме 3% тоа значи дека се повеќе од 55 илјади разлика, ќе победат убедливо и така натаму, ајде да формираме техничка Влада, да одиме на избори и потоа тој што ќе биде поразен да му подаде рака на противникот. Но, реалноста е 100 илјади разлика во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Тоа е основната причина. Каков датум, какво НАТО, какви економски политики. Еве ги гледаме економските политики кои се.

Новинарско прашање: Постојат шпекулации дека постои сценарио за предвремени избори, односно техничка Влада кон крајот на декември годинава, а изборите да се одржат на март или април?

Одговор на Христијан Мицкоски: Јас не би ги коментирал тие шпекулации. Јас бев доволно прецизен и јасен, избори веднаш се потребни за да Македонија и тргне. Затоа што потребна е најпрвин обнова на Македонија, а потоа и развој. Ова што е денеска секојдневие, нити има некаква врска со обновата, нити пак ќе има некаква основа да се развива нашата татковина Република Македонија.

 

На почеток