Мајк Штрауметис познат како Биг Мајк, или Инстаграм кралот на марихуаната кој еден од најголемите производители на канабис во светот преку видео најави дека возможно е да се отворат од 30 до 40 ијлади работни места во земјава во следните две до три години.
Тој вели дека премиерот Зоран Заев ја согледал можноста и сфатил дека од канабисот може да се подобри економијата.
– Земјата има неверојатни капацитет за бизнис со канабис, и тоа како ниту една друга земја во Европа. Воодушевен сум и од луѓето кои ги запознав. Тие се навистина работлив народ и овој бизнис за нив е голема шанса – вели Мајк.
Инаку Биг Мајк, пред два дена ја напушти земјава, но најави дека повторно ќе дојде за да се допрецизираат бизнис плановите за кои разговараше со владини претставници.
Мајк е сопственик на компанијата „Адвенс нутриентс“ која годинава слави 20 години од своето постоење. Тој на 23 години влегува во бизнисот во САД, по што повеќе од една деценија, како што пишуваат медиумите, бил во бегство со седум различни идентитети. Од 1996 година влегува во Канада, каде што ја отвора својата компанија „Адвенс нутриентс“. Таа е број еден компанија во светот за продажба на хранливи продукти специјализирани за канабис, со 90 милиони американски долари годишно во продажба во повеќе од 93 земји.
https://www.instagram.com/p/B1yDwjLBtqU/