Македонија

Адвокатот Стеван Павлески се откажа од Јанева

Адвокатот Стеван Павлески и го откажа полномошното на Катица Јанева и повеќе нема да биде нејзин адвокат. Павлески за НОВА рече дека три дена по приведувањето на Јанева, тој и најавил дека повеќе нема да може да ја застапува.

Павлески дојде со Јанева на распитот во Обвинителството за организиран криминал, а потоа ја бранеше и кај судија на претходна постапка кога и се определуваше мерката притвор. Павлески истовремено е и адвокат на газдата на„ Пелистерка“Цветан Панделевски кој е осомничен во случајот „Империја“ и на Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.

Павлески за НОВА вели дека не треба да се губи енергијата во дебатите за конфликт на интереси:Мојот став е дека не постои конфликт на интереси, тоа е измислена теза, затоа што има конкретни одредби во законската регулатива – како што е Законот за Кривична постапка.

Текстот во целост на: НОВА.мк

На почеток