Македонија

Кежаровски: Сакам судот да ме ослободи, никогаш не го открив идентитетот на заштитениот сведок

Новинарот Томислав Кежаровски изрази незадоволство од денешната одлука на Кривичниот суд да не му се суди за случајот „Ликвидација”, откако Обвинителството побара од судот да констатира застарување на кривичното дело, објави 24info.mk.

Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Марија Ѓорѓева, на денешното рочиште во предметот „Ликвидација“, рече дека настапила апсолутна застареност за кривичните дела за обвинетиот судија Валентин Зафиров, новинарот Томислав Кежаровски, адвокатот Сашко Лазаров и Јане Павловски.

Кежаровски за време на рочиштето побара шанса да докаже дека е невин.

-Сакам судот да ме ослободи, односно да добијам ослободителна пресуда, а не поради застарување или примена на поблага законска одредба, судењето тука да запре. Го замолувам судот, да ги погледне доказите и да види дека никогаш не го открив идентитетот на заштитениот сведок и не го открив неговиот телефонски број. Барам шанса да ја докажам вистината, рече Кежаровски во судница.

Текстот во целост на: 24info.mk

На почеток